Божиновски накит — насловна фотографија
Останати услуги

Божиновски накит

Damiani & Ti sento

Компанијата Божиновски часовници и накит, пионер во стилот и иновацијата во Македонија уште од 1996 година, започна со работа во Битола и набрзо ја прошири својата продажна мрежа и во Скопје. Покрај четирите сопствени продажни салони, Божиновски ги нуди своите производи и низ мрежата на агенти и франшизи низ Македонија. Компанијата веќе 29 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно преку вложување и грижа кон своите вработени ги пренесува на сите свои купувачи. Брендот Божиновски, како официјален претставник, е препознатлив по врвните, исклучителни модели на: Omega, Breitling, Damiani, Longines, Hamilton, Montblanc, Tissot, TAG Heuer, Ti Sento, Swatch, Troika, и Flik Flak. Кај нас, за сите ваши посебни моменти, можете да најдете и уникатни колекции на златни прстени.

Локација

Отвори во мапи
Јави се