Дениција е ресторан за свадби, настани и прослави во Скопје. Инспирацијата за овој ресторан доаѓа од македонската “Химна на љубовта” - безвремената Дениција. Таа ја симболизира ѕвездата Деница, најсјајната на небото, симбол на светлината, плодноста и убавината.
Дениција е помалата сестра на Везилка, дизајнирана и водена од истиот тим кој успешно ја позиционираше Везилка меѓу најдобрите ресторани за свадби во Македонија. Тоа беше еден од главните предизвици при планирањето на Дениција, да се задржи препознатливиот квалитет, но и да се понуди нешто ново. Формата и функцијата на просторот ја прават Дениција уникатна.. Простор кој во лето е комплетно отворен и климатизиран, зиме затворен со најсовремена технологија на греење, а оваа трансформација е можна за само неколку минути.
Ресторан Дениција нуди:
· Капацитет од 150 до 350 гости
· Паркинг за 100 возила
· Комплетна декорација
· Осветлување во боја
· Апартман за младите
· Кетеринг сервис
· Врвна услуга
Наталија Гоцева
Менаџер
denicija.mk@gmail.com
078225750
Александра Трајковска
Генерален директор
info@vezilka.com
078225750