Ogipsilon е диџеј и продуцент од Скопје, најмладиот член на екипата на Sure Shotz. Неговата диџејска кариера започнува во 2017 година, а досега има настапувано на повеќе настани и фестивали во Македонија, меѓу кои: D Festival, Trapslavia, April Fool’s Shake во МКЦ, Skopje Shake, како и повеќе различни клубови низ целата држава. Стилот му се заснова на трап звук излезен после 2012 година, постојано е во тек со новите трендови и изданија, а неретко знае и да оддаде почит и во своите сетови да вметне постари хип-хоп класици. Како продуцент, досега има издадено еден beat-tape, A Turn For The Better, и е продуцент на синглови на различни артисти од сцената.